Отворен откупно-дистрибутивниот центар „Агрофруктус“ во Струмица

Bez autora
Oct 02 2011

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на откупно-дистрибутивниот центар за земјоделски производи „Агрофруктус““ во Струмица, инвестиција на познатата хрватска компанија „Агрокор“. Вредноста на инвестицијата е многу значајна, но уште поважно е што таа ќе донесе во иднина, сигурен откуп и пласман, поголеми приноси и приходи, поголема конкурентност. Првиот човек на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, рече дека отворањето на „Агрофруктус“ е само почеток на вложувањата што ги планира оваа хрватска компанија да ги направи во Македонија. Овој капацитет што го има Македонија во однос на квалитетот и еколошките услови мора да се искористи и да се стави во функција. Само така ќе ја зголемиме конкуренцијата на производството, а тоа ќе значи и подобар животен стандард за граѓаните. Откупно-дистрибутивниот центар „Агрофруктус“, прв од ваков тип во државата, располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на зеленчук и овошје, со дневен капацитет меѓу 200 и 300 тони.

Отворен откупно-дистрибутивниот центар „Агрофруктус“ во СтрумицаПремиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на откупно-дистрибутивниот центар за земјоделски производи „Агрофруктус““ во Струмица, инвестиција на познатата хрватска компанија „Агрокор“.

„Вредноста на инвестицијата е многу значајна, но уште поважно е што таа ќе донесе во иднина, сигурен откуп и пласман, поголеми приноси и приходи, поголема конкурентност, рече премиерот Никола Груевски пред отворањето на „Агрофруктус“.

Првиот човек на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, рече дека отворањето на „Агрофруктус“ е само почеток на вложувањата што ги планира оваа хрватска компанија да ги направи во Македонија.

„Овој капацитет што го има Македонија во однос на квалитетот и еколошките услови мора да се искористи и да се стави во функција. Само така ќе ја зголемиме конкуренцијата на производството, а тоа ќе значи и подобар животен стандард за граѓаните“, рече Тодориќ.

Откупно-дистрибутивниот центар „Агрофруктус“, прв од ваков тип во државата, располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на зеленчук и овошје, со дневен капацитет меѓу 200 и 300 тони.

Центарот, кој почна да се гради во февруари годинава, зафаќа површина од 8.000 метри квадратни и во него досега се инвестирани 11 милиони евра. Се очекува во Центарот годишно да се откупуваат околу 50 илјади тони зеленчук и овошје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik